-->
-->
Јотовски во маратонски меч победи во првото коло на турнир во Замарди
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски во маратонски меч по 2 часа и 44 минути игра успеа да постигне победа во 1.коло на фјучрсот во Замарди, Унгарија. Тој го победи Домагој Биљешко од Хрватска со 2-1 во сетови (6:4; 5.7 и 6:2 во гемови).
Во првиот сет Јотовски успеа да направи пресврт и од 4:2 за ривалот го доби првиот сет со 6:4. Во вториот беше максимално изедначено и по 5:3 за Биљешко, Јотовски изедначи на 5:5 но сепак хравтскиот тенсиер ги доби последните два гема од сетот.
Во решавачкиот сет Јотовски почна фуриозно и поведе со 4:0 за предноста да ја зачува до крајот на сетот - 6:2.
Нашиот тенисер имаше подобра искористеност на брејк топки 9/12, додека противникот имаше 7/14.
Во следното коло (утре) Јотовски ќе игра против Кен Ониши од Јапонија (807 АТП листа), кој го победи со 2-1 во сетови осмиот носител Михал Шмит (Чешка).
Нашиот тенисер утре ќе игра и меч од четвртфиналето од турнирот во двојки каде заедно со Милан Радојковиќ од Србија ќе играат против вторите носители Унгарците Габор Борсос и Адам Келнер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг