Тенис
22. February 2017 - 14:56

Јотовски спаси меч топка за второ коло на фјучрсот во Хамамет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрс турнирот во Хамамет, Тунис. Тој денеска со 2-1 во сетови по без малку три часа игра го совлада Луи Теса од Франција. Ова за Јотовски е четврта победа вос ерија откако претходно имаше три победи во квалификациите.

Првиот сет со 6:4 му припадна на противникот, а Јотовски потоа изедначи откако го доби вториот сет со 6:3. Во решавачкиот сет при водство од 5:4 за Теса, Јотовски на свој сервис успеа да спаси меч топка. Во тај брекот во решавачкиот сет нашиот тенисер поведе со 4-0 и таа предност ја зачува до крајот.
Во следното коло Јотовски ќе игра против Иван Неделко од Русија, кој е трет носител на турнирот. Во меѓусебните мечеви Неделко има две победи.
Јотовски на турнирот настапува со повреда на десната рака, а утре со Шендрит Деари ќе игра и меч во игра на двојки.