Тенис
27. November 2017 - 16:56

Јотовски со скок од 10.места на АТП листата

 
 
 Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски бележи прогрес од десет позиоции на најновата АТП ранг-листа, објавена денеска. 
 
Јотовски кој изминатите две седмици настапуваше на два турнири во Анталија, Турција. Првиот турнир тој го заврши во четвртфиналето, а на вториот беше елиминиран во осминафиналната рунда. 
 
Сепак со  новите освоени бодови Јотовски напредуваше десет места. 
 
Така сега 28-годишниот Јотовски е рангиран на 572.место на АТП ранг-листата, на која пак и во конкуренција на двојки има напредок од една позиции, па сега е рангиран на 1017.место.