-->
-->
Јотовски со мал скок на АТП листата ја заврши 2015 година
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски календарската година 2015 ја заврши со скок од две места што му ја донесе 666.та позиција на АТП листата со 43 поени. Јотовски ланската година беше рангиран како 546-ти, а на 15.јуни годинава го имаше и својот најдобар пласман 510.место.
Но, повредите и исцрпувачките мечеви го спречија оваа година да забележи триумф на фјучрс турнир. Тој беше финалист на два фјучрса во сингл (Босна и Херцеговина и Тунис). Во конкуренција на двојки тој е единствениот наш тенисер кој има ранг - 798.место со 54 поени, а притоа имаше и две турнирски победи (двете во Србија).
Другите македонски тенисери го имаат следниот ранг:
1.310. Стефан Мицов 5 поени
1.558. Бесир Дургути 3
1.663. Бојан Јанкуловски 2
1.727. Шендрит Деари 2
2.147. Горазд Србљак 1
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од Старата скопска чаршија утре без вода
-
Навални приведен на московскиот аеродром Шереметјево
-
Вози 255 км на час на македонските патишта и се фали на ТикТок
-
Полицијата апсеше на домашни забави во Скопје
-
Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов
-
СК: Прва победа во кариерата за Фос Солеваг
-
Повеќе од 95 милиони луѓе во светот се заразени со Ковид-19
-
Пешевска: Одговорност и оставка од виновните за случајот со извадени органи на родилката од Дебар