Тенис
9. September 2017 - 18:25

Јотовски со „две нули“ го победи Самарџија

 
 
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски без проблем ја мина првата пречка на челинџерот во Бања Лука што се игра за награден фонд од 43.000 евра. Тој во првото коло од квалификациите го совлада Михајло Самарџија со 6-0 и 6-0 во сетови за 44 минути. 
 
Утре во второто коло од квалификациите нашиот тенсиер ќе игра против Ерик Крепалди од Италија.
 
Двајцата тенисери одиграа еден меч оваа година на фјучрс турнир во Кисељак кој со 2-1 (6:3; 2:6 и 6:3) го доби Крепалди. Утрешниот ривал на Јотовски се наоѓа на 724 место на АТП листата.