Тенис
18. April 2017 - 18:37

Јотовски со Алесенко ги елиминираа првите носители

Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски денеска на првиот ден од фјучрсот во Анталија оствари пораз во сингл конкуренција и победа во двојки. Во мечот од првото коло тој загуби од Бразилецот Тиаго Сибот Вилд со 2-0 во сетови (6:4 и 6:4 во гемови). Мечот во првиот сет беше во прекин поради дожд.
Јотовски сепак брзо го надмина поразот и во првото коло во конкуренција на двојки заедно со Вадим Алесенко од Украина ги елиминираа првите носители Кристоф Негриту (Германија) и Владимир Узиловски (Украина) со 2-0 во сетови. Двата сета македонско-украинската комбинација ги доби во тај брек (7:6 (8:6) и 7:6 (7:2)).
Утре ќе им бидат познати и ривалите за четвртфиналето.