-->
-->
Јотовски се „повлече“ во четвртфиналето на фјучрсот во Занарди
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски поради повреда на рамото во вториот сет го предаде денешниот меч од четвртфиналето на фјучрсот во Унгарија што се игра во градот Замарди за награден фонд од 15.000 долари. Неговиот противник Никола Кун од Шпанија имаше водство од 6:1 и 3:0 во гемови во моментот на прекин на мечот.
Јотовски покрај повредата имаше и два исцрпувачки меча во првите две кола кога мина речиси шест часа на теренот за да постигне две победи, а притоа одигра и два меча во конкуренција на двојки. Јотовски за пласманот во четвртфиналето ќе добие два поена.
Доколку се биде во најдобар ред со повредата Јотовски во текот на викендот треба да настапи на мечеви во германската лига, а потоа и настап на фјучрс во Босна и Херцеговина. Ако повредата е од посериозен карактер тој ќе се врати во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи