-->
-->
Јотовски само до второто коло на фјучрсот на Златибор
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да го мине второто коло на фјучрсот во Златибор откако денеска загуби од Елмар Ејуповиќ од Германија со 2:0 во сетови. Во изедначен меч противникот ги доби двата сета со 7:5 и 7:6 (7:1) во гемови.
Јотовски имаше два брејка во мечот, а Ејуповиќ три. Нашиот тенисер шансата за изедначување ја испушти во вториот сет кога имаше брејк и водство од 5:2 во гемови, но Ејуповиќ се избори за тај брек.
За пласманот во второто коло Јотовски ќе освои еден поен. Во следниот период тој ќе треба да „брани“ поени за да го задржи рејтингот на АТП листата.
Од вторник Јотовски ќе настапува на фјучрсот во Ниш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето