Тенис
30. November 2015 - 18:00

Јотовски преку квалификации избори учество на фјучрсот во Анталија

Најдобриот македонски тенсиер Томислав Јотовски успеа да се квалификува на фјучрсот во Анталија. Тој во рамките на квалификациите беше рангиран како втор носител, бидејќи навреме се немаше пријавено за учество. Тоа не беше пречка за пласман на главниот турнир откако во 1.коло од квалификациите беше слободен, а  во следното да го победи Роман Францен од Холандија со 7-5 и 6-4 во сетови, додека денеска во 3.коло – квалификации го победи Андреа Дел Прете од Италија со 7-5 и 6-1. Јотовски на денешната ранг листа се наоѓа на 646.место.
Негов ривал во 1.коло утре ќе му биде Димитар Кузманов од Бугарија (303.АТП), а и тој како и Јотовски преку квалификации стигна на главниот турнир. Доколку навреме се пријавеше Кузманов на турнирот ќе беше трет носител, а вака е со статус квалификант. 
 
На турнирот настапи во квалификациите и Бесир Дургути, кој во последното коло од квалификациите загуби од Луренцо од Португалија со 2:1 во сетови. Дургути на турнирот ќе игра и во конкуренција на двојки со Турчинот Горберк Ергенеман.
Последното коло од квалификации на фјучсрот во Кипар беше пречка и за младиот наш тенисер Горазд Србљак. Тој загуби со 6-4 и 6-4 од Британецот Адам Торнтон Браун.