Тенис
27. July 2017 - 19:29

Јотовски поуспешен од Грабул во „македонската пресметка“ на фјучрсот во Скопје

Во дуелот на македонските тенисери Јотовски со 2-1 во сетови го победи Грабул,

Првиот сет го доби Грабул со 6:3 во гемови, со посигурна игра. Во вториот сет резултатски беше неизвесно, а решавачкиот брејк Јотовски го направи во 12.гем добивајќи го сетот со 7:5. Во тие моменти Јотовски, кој е седми носител на турнирот ги надмина и здравствените проблеми кои ги имаше во текот на првиот сет. Во решавачкиот сет по водството на Грабул од 2:1 во гемови, Јотовски имаше серија од четири освоени гема што се покажа како решавачко и сетот го доби со 6:3. Мечот траше 2 часа и 38 минути.

Утре во четвртфиналето Јотовски ќе игра против четвртиот носител Цунг Хуа Јанг од Тајпех, кој денеска со 2-0 во сетови (6:2 и 6:2) го победи Никола Хортон од Австралија.

Меч од второто коло денеска играче и македонскиот тенисер Бесир Дургути, кој загуби од првиот носител Давид Пихлер од Австрија со 2-0 во сетови (6:0 и 6:2).