Тенис
21. January 2016 - 17:13

Јотовски полуфиналист во двојки на фјучрс во Тунис

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрсот во Хамамет, Тунис. Тој во комбинација со Србинот Миљан Зекиќ попладнево го совладаа домашните тенисери Моез Ешаргуи и Анис Горбел со 2:0 во сетови. Првиот сет го добија со 6:3, а вториот со 6:4.

Во полуфиналето ќе играат против италијанските тенисери Рикардо Бонадио и Фарбицио Оранго.
Вториот наш тенисер на турнирот Бесир Дургути загуби во 2.коло во двојки. Тој заедно со Невен Кривокуќа од Хрватска загубија од Марко Бартолоти и Валтер Трусенди со 6:1 и 6:0 во сетови.
Јотовски во поединечна конкуренција беше елиминиран во првото коло од Иван Неделко (Руисја, 4.носител).