Тенис
3. July 2017 - 19:15

Јотовски почна со победа во Грузија

Најдобриот македонски тенсиер Томислав Јотовски стартуваше со победа на фјучрс турнирот што се игра во Телави, Грузија. Тој го победи домашниот тенсиер Николоз Давлианидзе со 2-0 во сетови. Мечот траеше 92 минути.
Првиот сет Јотовски го доби со 6:1 во гемови, а во вториот ривалот имаше водство од 2:0 и 3:1, но нашиот тенсиер направи серија од пет гемови и сетот го заврши со 6:3. 
Во следното коло Јотовски, кој настапува како петти носител на турнирот ќе игра со победникот од мечот Манфред Фелини (Италија) и Шунсуке Вакита (Јапонија). Во конкуренција на двојки Јотовски настапува заедно со Унгарецот Виктор Филипенко и рангирани се како трети носители.