Тенис
8. March 2018 - 19:49

Јотовски почна со победа на фјучрсот во Ровињ

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски (547 место АТП листа) успешно ја мина првата пречка на фјучрсот во хрватскиот град Ровињ откако попладнево го совлада Бразилецот Бруно Сант` Анна (452 место на АТП листа) со 2-1 во сетови во меч што траеше 138 минути.

Првиот сет Јовски го доби со 6:3 во гемови, а потоа следниот му припадна на Бразилецот со 6:0. Во решавачкиот сет со моногу пресврти поуспешен беше Јотовски. Нашиот тенисер поведе со 4:0 во гемови, но ривалот имаше серија од пет гема по ред и поведе со 5:4, а потоа водеше и со 6:5 во гемови. Јотовски се избори за тај брејк, во кој поведе со 3-1 и 4-2 на поени, но Сант ` Анна го презеде водството за 5-4. Потоа Јотовски пак се врати со серија од три поени и го доби мечот.
Во второто коло нашиот тенисер ќе игра утре попладне, откако во претпалдневните часови ќе играат првиот носител Зденек Колар од Чешка и квалификантот Василие Антонеску од Романија.
Доцна попладнево Јотовски и Горазд Србљак беа поразени во 1.коло во игра на двојки од првите носител на турнирот во двојки браќата Иван и Матеј Шабанов од Хрватска. Првиот сет го добија Хрватите со 6:2 во гемови, а македонската комбинација Јотовски и Србљак изедначи откако во вториот сет беа подобри со 6:1 во гемови. Во решавачкиот сет на поени нашите тенисери загубија со 10-5.