Тенис
16. September 2015 - 17:28

Јотовски победи во Ниш без загубен гем

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со убедлив триумф без загубен гем го почна настапот во сингл на фјучрсот во Ниш (награден фонд 10.000 долари). Јотовски го совлада Игор Баничевиќ од Србија со 6-0 и 6-0 во гемови. Тој во следното коло ќе игра против Лука Илиќ од Србија (719.место на АТП листа).