Јотовски напредуваше 11 места на АТП листата | Сител Телевизија
Тенис
19. March 2018 - 7:44

Јотовски напредуваше 11 места на АТП листата

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски напредуваше 11 места на најновата АТП листа и се наоѓа на 536 место со 59 поени. Тој скокот го има благодарение на двата поена освоени на фјучрсот во Ровињ, каде беше четвртфиналист. 

Ранг на македонските тенисери на АТП листата:
536.место - Томислав Јотовски - 59 поени
1.430 место - Димитар Грабул - 2 поена
1.590 место - Горазд Србљак - 2 поена
1.839 место - Бесир Дургути - 1 поен
1.888 место - Стефан Мицов - 1 поен
 
Јотовски оваа недела повторно ќе има настап на фјучрс турнир во Тунис.