Тенис
7. September 2016 - 15:23

Јотовски „му врати“ на Цонкиќ

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа го почна фјучрсот на Златибор. тој во стартното коло го совлада Петар Цонкиќ од Србија со 2-0 во сетови за нешто помалку од два часа игра. Мечот беше неколку часа во прекин поради дожд.

Со ова воедно му „врати“ за поразот на фјучрсот во Суботица. Во тој меч од 2.коло пред неполн месец Јотовски се здоби со повреда на рамото поради која мораше да паузира и да биде под лекарски третман. 

Можеби враќањето на терените е и порано од тоа што го предвидуваа лекарите, но да се надеваме дека Јотовски ќе продолжи со победи на овој фјучрс.
Тој утре во 2.коло ќе игра против Аљаз Јакоб Капља од Словенија, кој нема ранг, а на турнирот настапува со „вајлд карта“ и денеска го победи Небојша Миленковиќ од Србија со 2-1 во сетови.