Loading Video...
Тенис
17. May 2018 - 12:28

Јотовски лесно до осминафиналето во Добој

 
 
Најдобро рангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски ја оствари и втората победа на турнирот Добој што се игра за награден фонд од 15.000 долари.
 
Јотовски кој е трет носител на овој турнир во 2.коло е го совладаод Германецот,  Кристијан ХИРШ_МИЛНЕР, во два сета со идентични 6-3 по сетови.
 
Во осминафиналната рунда Јотовски за противник ќе го има Црногорецот Љубомир Челебиќ кој е шести носител.