Тенис
17. May 2016 - 17:42

Јотовски ја мина првата пречка во Брчко

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Брчко. Тој денеска во меќот од 1.коло го победи Бразилецот Силва со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3). Нашиот тенисер имаше пет брејка и само еднаш загуби гем на свој сервис.

Во следното коло ќе игра против Данило Калиниченко од Украина, кој со 2-1 во сетови го победи осмиот носител Виктор Балуда од Русија.
Јотовски попладнево ќе игра и меч во двојки со Дарко Јандриќ од Србија се трети носители и ќе играат против Арслан Баковиќ и Емир Чанциќ од БиХ.