Тенис
15. July 2017 - 17:55

Јотовски избори финале во Грузија

Нашиот најдобар тенисер Томислав Јотовски по подолго време ќе игра финале на меѓународен турнир откако се избори за завршниот меч против Шпанецот Гилјермо Оласо на ИТФ турнирот во Грузија. 

Јотовски во два сета со 6-3 и 6-3 го елиминира вториот носител Федерико Себалос од Боливија и си обезбеди простор да се бори за својата  7-ма титула на ИТФ турнирите. 
Популарниот Телави опен се игра со  награден фонд од 15 илјади долари, а успех утре во финалето ќе му донесе и солиден напредок на светската ранг-листа.