Тенис
13. January 2018 - 16:47

Јотовски игра полуфинале во Хамамет

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го продолжува успешниот настап на фјучрс турнирот во Хамамет во Тунис. Тој денеска во четвртфиналето го победи Шпанецот Котри Перез со 2-0 во сетови (7:6 (9-7) и 6:1).

Во полуфиналето што е втор меч денеска игра против вториот носител Џереми Јан од Германија.