Тенис
20. April 2017 - 15:15

Јотовски и Алексенко прескокнаа уште една пречка

Македонско-украинската комбинација Томислав Јотовски и Вадим Алексенко остварија лесна победа во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија откако ги совладаа Романците Сорин Андреј Јордаче и Калин Манда со 6:1 и 6:0 во сетови.

Во следното коло тие ќе играат со победниците од мечот Агабигун/Челикбилек (Турција) и Марковиќ/Пена (Србија/Аргентина).