Тенис
21. April 2017 - 13:24

Јотовски и Алексенко останаа без финале

Македонскиот тенсиер Томислав Јотовски и Вадим Алексенко од Украина не успеаја да се пласираат во финалето на фјучрс турнирот што се игра во Анталија за награден фонд од 15.000 долари. Тие денеска во полуфиналето загубија од Турците Сарп Агабигун и Алтуг Челикбилек со 7:6 (7:4) и 6:0 во гемови.

За пласман во полуфиналето ќе освојат по 6 поени.
Јотовски е пријавен за настап и на следниот фјучрс што се игра во Анталија.