-->
-->
Јотовски експрес(но) во 3.коло од квалификациите на фјучрсот во Мајами
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски по успешно одработените подготовки во Мексико новата сезона ја почна со настап на фјучср турнир во Мајами (награден фонд 15.000 долари). Во квалификациите на овој турнир играа 128 играчи, а Јотовски се избори за меч во 4.коло од квалификациите.
Тој во мечот од 3.коло експресно со 6:0 и 6:0 во сетови го совлада Иван Калинин од Русија. По тешката победа во 2.то квалификациско коло над Американецот Мек Клеин Кеслер 7:6 и 7:5 во сетови, нашиот тенисер успешно мина уште една пречка.
Инаку, Јотовски е рангиран како прв носител во квалификациите и утре во меч за пласман на главниот турнир ќе игра против Мајкл Зу (САД), кој денеска на убедлив начин со 6:1 и 6:0 во сетови го победи Рафаел Жентил од Бразил. Зу се наоѓа на 1.410 место на АТП ранг листата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор