Бизнис
11. јуни 2019 - 19:38

Јошихиро Секи: Одлични услови во Македонија за доработка на јапонски производи и извоз во 3 земји

Проектот за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, на Светска банка ќе отвори ќе го зголеми извозот од земјава, сметаат стопанствениците. Велат дека преку него ќе се отворат и нови работни места за македонските работници. Светска банка со 26 милиони евра ќе финансира подобрување на инфраструктурата и модернизација на институциите.

-Па се надеваме дека ова само ќе помогне да дојдат повеќе инвеститори во Македонија, да се отворат нови работни места, нови фабрики и да се зголеми извозот од Македонија во Европските, пред се, земји, а потоа и во остатокот од светот, вели Горан Антевски,

Јапонскиот министер за економија Јошихиро Секи, е во посета на Македонија и според очекувањата на бизнисот, тоа би требало да помогне во привлекување на инвестиции од таа земја. Двете држави веќе соработуваат во доквалификување на кадарот на менаџерските позиции.

Јапонскиот министер верува дека двете држави имаат добри услови за зголемување на економската соработка.

-Иако двете држави се многу далеку, верувам дека е возможно да се зголеми нашата соработка. На пример, да се увезат одредени материјали тука, да се преработуваат, а потоа да се извезуваат во трети држави. На тој начин ќе се прошири економската активност.

Утре ќе се одржи бизнис форум на кој македонските стопанственици ќе им ги претстават можностите за инвестирање во земјава на јапонските бизнисмени.