ЈОРМ поднесе обвиненија за 30 лица за настаните од 27 април
Јавното обвинителство на РМ денеска до основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година, соопшти на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
Како што Јовески појасни, 28 лица од нив се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ од член 313 од КЗ, а две лица се обвинети за помагање при вршење на истото кривично дело.
Обвинетите, според Јовески, го загрозиле уставниот поредок и безбедноста на РМ со акт на насилство со што создале чувство на несигурност и страв кај граѓаните.
-Опсежаната истрага утврди, а уверени сме дека во судската постапка и ќе се докажа, дека обвинетите дејствувале со иста цел, извршувајќи поврзани и усогласени дејствија на битието на кривичното дело. Ве уварувам дека Обвинителството ќе продолжи да постапува согласно законот, имајќи предвид дека гонењето го врши во јавен интерес, и заради тоа неговата активност е наосечна, пред се, пред лицето на правдата да ги донесе сите кои сториле кривично дело и и секој да одговара за тоа што го сторил, обезбедувајќи го принципот на правна сигурност како еден од фундаменталните аспекти на владењето на правото, изјави Јовекси на прес конференцијата на ЈО.
Ново на Сител
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер