Македонија
3. October 2022 - 10:15

Јом Кипур – 5 октомври, неработен ден за припадниците на еврејската заедница

Првиот ден на Јом Кипур 5 октомври (среда) е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на припадниците на еврејската заедница во Република Северна Македонија им го честитаат празникот Јом Кипур.