Македонија
4. August 2015 - 12:53

Јолевски: Војската е на терен во тетовско - испратени и кучиња трагачи

Војниците на Македонската Армија од рано утрово се на терен во најпогодените тетовски региони и им помагаат на граѓаните. Министерот за одбрана Зоран Јолевски  вели дека работата оди споро бидејќи условите се лоши.

„Како што побараа граѓаните и како што ветивме, веќе во 6:30 во Шипковица имаше 35 војници и куче за помагање за барање затрупани лица. Сега тргнува и втората тура на војници. 

Многу бавно оди работата затоа што треба внимателност а и условите се лоши. Како вадат кал, така водата носи нов. Водата го спречува трагањето и на кучето. Сега и МВР ќе донесе куче за трагање. Бидејќи има многу народ, на барање на штабот, војската наместо 80 лица одеднаш ќе има по 40. Со оглед на тоа дека се работи рачно, во две смени една по една“ - вели Јолевски.