Македонија
5. November 2015 - 8:17

Јолевски на Безбедносен форум во Полска

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска и утре ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава“, кој се одржува во полската престолнина.

Министерот Јолевски во рамки на престојот во Полска ќе се сретне и со неговиот полски колега, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак.

На маргините на форумот министерот Јолевски ќе оствари повеќе дополнителни средби, меѓу кои и со Марцин Заборовски, челник на Центарот за европска политичка анализа и поранешниот претседател на Полска, Александар Квасниевски.

На форумот, министерот Јолевски ќе говори на панелот насловен „Новиот безбедносен бран во државите до ЕУ“.

Безбедносниот форум во Варшава се осврнува на европските безбедносни прашања на кои дискутираат високи претставници од земјите од Европа и меѓународни експерти.