Јолевски: Македонија, македонските војници и граѓани го заслужија членството во НАТО
Република Македонија е целосно подготвена за интеграција во НАТО. Ние имаме капацитет да ги преземеме сите обврски и одговорности за да придонесеме кон сигурноста и стабилноста на Балканот и Евро - атлантската област. Цврсто сме убедени дека инвестицијата во НАТО ќе ги зацврсти мирот и стабилноста. Нашите војници, кои долги години учествуваат во мировните мисии во Авганистан, го очекуваат и заслужуваат членството.
Ова го порача министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски во своето обраќање на денешниот состанокот посветен на Платформата за интероперативност, на ниво на министри за одбрана, на НАТО Самитот во Варшава.
Како што соопшти Министерството за одбрана, во своето излагање Јолевски рече дека сегашните и идните безбедносни глобални предизвици укажуваат на потребите за интероперативни сили и капацитети. Меѓународниот кризен менеџмент, координацијата и зајакнувањето на механизмите за употреба на ресурсите на капацитетите на армиите од НАТО земјите и партнерите во справување со кризите од поголем обем се мошне значајни. Од септември Македонија ќе биде домаќин на командата на Балканските медицински сили, која ќе овозможи координација во употреба на медицинските ресурси во Југоисточна Европа.
За време на одржувањето на Самитот, министерот Јолевски оствари билатерални средби со своите колеги од Италија, Словачка, Литванија, Унгарија, Чешка, Латвија и Словенија. За време на средбите Јолевски порача дека со сите постигнати резултати Македонија го заслужи своето место во Алијансата.
Тој додаде дека се радува на фактот што Црна Гора ќе стане членка на НАТО и дека вратите на Алијансата остануваат отворени. - Колку побрзо регионот на Југоисточна Европа се интегрира во евроатлантските структури, толку постабилен и просперитен регионот ќе биде, рече Јолески кој се заблагодари на поддршката која ја добива од своите колеги
Ново на Сител
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште