Јолевски-Креј:Продолжуваат интензивните контакти на АРМ и НГ на Вермонт, САД
Армијата на Република Македонија и Националната гарда на Вермонт со многубројните активности во изминатиот период докажаа дека се вистински партнери. Одличната соработка и интензивните контакти продолжуваат и во иднина.
Како што соопшти денеска МО, ова го заклучиле на денешната средба министерот за одбрана Зоран Јолевски и командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј, кој ја предводи воената делегација на НГ на Вермонт, која престојува во официјална посета на Република Македонија.
Министерот Јолевски на средбата посочил дека Македонија високо ја вреднува соработката со државата Вермонт, САД. Во тој контекст, подвлекол дека пример за високото ниво на соработка е и испраќањето на двајца питомци од Воената академија на школување во најстариот приватен воен универзитет, „Норвич“, пракса која ќе продолжи да се реализира и во иднина. Ккао што стои во соопштението, Јолевски додал дека токму военото образование е едно од приоритетите на Министерството, споменувајќи го новиот Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир, „Дамјан Груев“. Се разговарало и за интензивирање на трилатералното партнерство помеѓу Македонија, Вермонт и Сенегал.
Генералот Креј, остварил средба и со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал – потполковник Методија Величковски, а планирано е да ја посети и јужната граница со цел запознавање со активностите на Армијата на Република Македонија во справување со предизвиците од мигрантската криза.
АРМ и НГ на Вермонт реализираат поголем број активности поврзани со одбраната и безбедноста, меѓу кои разни форми на обуки, семинари, школувања, меѓусебни посети и изведување на заеднички вежби.
Ново на Сител
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една