Македонија
11. July 2016 - 17:01

Јолевски - Карпентер: САД силен поддржувач на интеграцијата на Македонија

Соединетите Американски Држави ја согледуваат посветеноста на Македонија во евроатланските интеграции и се нејзини несомнени подржувачи, ваков заклучок на денешната средба донеле заменик попошникот на секретарот за одбрана на САД Мајкл Карпантер и министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Во заедничкото соопштение Карпантер и се заблагодарува на Македонија за учеството, одличните резултати и покажаните способности во мировните мисии. Особено „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Карпентер ја потворил поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО и изразил надеж дека тоа ќе се оствари час поскоро.

- Вие сте посакуван партнер, во мировни мисии, вежби и обуки. Ние ги знаеме вашите капацитети и немаме сомнеж дека ќе бидете дел од Северноатлантската алијанса, додал тој.

Министерот за одбрана пред претставникот на САД уште еднаш го потврдил курсот на македонија кон НАТО Пактот, истакнувајќи дека за ова прашање постои консензус помеѓу сите политички чинители.

Мајк Кармантер е заменик помошник на секретарот за одбрана на САД одговорен за Русија, Украина и Евроазија.

За време на посетата Карпантер се сретна и со генералштабот на АРМ а се запознал и со активностите на армијата на јужната граница.

Ги посетил и капацитетите на Центарот за обука на пилоти, единствен според понудата во Југоисточна Европа