Кошарка
30. April 2021 - 9:42

Јокиќ: Српските момци не пропуштаат натпревари поради одмор

Тренерот на Денвер нагетс, Мајкл Мелоун, му понудил одмор на лидерот на тимот Никола Јокиќ за време на еден од натпревари, но не наишол на разбирање кај кошаркарот.

– Разговаравме за прашањето за можно прескокнување на натпреварот заради одмор. Но, тој е силно момче. Тој не сака да пропушта игри. Јокиќ рече дека српските момци не пропуштаат натпревари заради одмор, рече Мелоун.

Јокиќ сезонава има просек од 26,2 поени, 10,9 скока и 8,6 асистенции по натпревар и е меѓу најдобрите во НБА лигата.