Кошарка
14. September 2020 - 9:07

Јокиќ со 34 поени му помогнаа на Денвер да го израмни резултатот со Клиперс

Денвер Нагетс се избори за мајсторка во серијата со Лос Анџелес клиперс во конференциското полуфинале од НБА плејофот.

Најзаслужен за вечерашната победа со 111:98 (26:34, 21:29, 30:16, 34:19) на Денвер беше Никола Јокиќ со 34 поени и 14 скока.

Сега резултатот е 3-3 во серијата прв до четири победи.

Седмиот меч кој ќе го реши патникот во финалето на Западната конференција е закажан за 16 септември.

Прв финалист на Запад е Лос Анџелес лејкерс.

Во финалето на Исток ќе се сретнат Бостон и Мајами.