Loading Video...
Кошарка
15. March 2019 - 14:43

Јокиќ и Дончиќ во главна улога на „трилерот“ во Денвер

 
 
Два супер неизвесни натпревари донесе синоќешната програма во НБА лигата. 
 
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ беа во фокусот на вниманието, бидејќи двајцата ги имаа клучните улоги на мечот во Денвер во кој домаќините славеа над Далас со 100-99.
 
Во финишот на мечот, Словенецот, Дончиќ со прекрасно забивање на 5,8 секунди до крајот му донесе предност на Далас. Но. Во последниот напад, Србинот, Јокиќ ја презеде одговорноста и со звукот на сирената му донесе победа на Денвер.
 
Дончиќ Средбата ја заврши со 24 поени, 11 скокови и 9 асистенции, а Јокиќ покрај 11-те поени имаше и 14 скокови.
 
Слична завршница имаше и мечот во Индинаполис, во кој Индијана иако во најголемиот дел од мечот против Оклахома беше во негатива, која најмногу во третата четвртина изнесуваше -19, сепак „Пејсерси“ на крајот го добија мечот. Велси Метјус на 1,8 секунди до крајот, го постигна последниот кош на мечот, иако последниот обид го имаше Расел Вестбрук кој не успеа да погоди за победа, па Индијана славеше со 108-106, па „трипл-дал“ учинокот на Вестбрук со 19 поени 14 скокови и 11 асистенции се покажа како залуден.