Јоханес Хан во посета на Белград
Еврокомесарот за проширување и политика на соседство Јоханес Хан денеска ќе престојува во посета на Србија.
Хан во Белград ќе се сретне со премиерот Александар Вучиќ, претседателот на Собранието Маја Гојковиќ, лидерите на парламентарните групи, претставници на српските медикуми и новинари од ЕУ, кои се во посета на Србија, се наведува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Србија.
Хан ќе одржи говор пред пратениците во српскиот Парламент.
Тој во пресрет на посетата на Белград изјави дека отварањето на првите преговарачки поглавја, што е најавено за следната недела, ќе донесе нова динамика и ќе го забрза процесот на европски интеграции на Србија.
Хан изрази очекување дека поглавјата 24 и 24 за владеењето на правото ќе бидат отворени во првата половина од следната година, но додаде дека сега не може да се прецизира точно кога, бидејќи дебатата се уште трае.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица