Јоханес Хан во посета на Белград
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Белград, каде ќе има средби со највисоките претставници на српските власти.
Предвидено е Хан да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ, шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ и со министерката за европски интеграции Јадранка Јоксимовиќ.
Во пресрет на посетата на Белград Хан изјави дека Србија има цврста европска перспектива, која не е доведена во прашање, но дека брзината на одвивањето на пристапните преговори ќе зависи од темпото на спроведувањето на реформите, пред се во сферата на владеење на правото, како и од нормализацијата на односите со Косово.
Во изјава за белградскиот весник „Вечерње новости“, Хан оцени дека иницијативата на Вучиќ за започнување на внатрешен дијалог за Косово претставува „храбар и добредојден потег“.
Тој уште еднаш потенцира дека важен дел од преговорите за членство на Белград во ЕУ е и сеопфатната нормализација на односите меѓу Србија и Косово, која, според него, ќе придонесе за зачувување на мирот и стабилноста во регионот и ќе гарантира заштита на правата на сите граѓани.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење