ЈО: Се преземаат дејствија за расчистување кражба на монитор од бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесено известување од Министерството за внатрешни работи за извршена кражба во просториите на бугарскиот Културно-информативен центар во Скопје, ги издава сите потребни насоки и наредби за откривање на сторителите.
-Настанот се случи ноќта меѓу 15 и 16 март, кога непознати сторители со употреба на сила, освен во објектот на Културно-информативен центар на Република Бугарија, на сличен начин влегле и во уште два угостителски објекта во непосредна близина. Од угостителските објекти биле одземени пари, а од Центарот е одземен еден монитор од компјутер, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
При увидот од СВР Скопје, како што се посочува во соопштенито, подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител се обезбедуваат и снимки од видео надзор.
-До овој момент сите индиции и докази упатуваат дека единствен мотив во конкретниот кривичен настан е противправно присвојување предмети, односно станува збор за кражба. Надлежните институции постапуваат за откривање на сторителите., велат од Јавното обвинителтво.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп