Македонија
6. March 2018 - 14:35

ЈО: Се истражуваат причините за смртта на лицето пронајдено на патот Велес – Градско

Јавното обвинителство на Република Македонија (ЈО) информира дека се истражуваат причините за смртта на лицето што вчера околу 18 часот беше пронајдено на средина на коловозот на регионалниот пат Велес – Градско.

По идентификацијата, како што информираат од ЈО, утврдено е дека починатото лице е Д.В., триесет и тригодишен жител на село Аџиматово, општина Лозово.

- Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на лице место при што се пронајдени траги кои се дадени на натамошно вештачење. Надлежен јавен обвинител издаде и наредба за вршење на обдукција на телото на починатиот, соопшти ЈО.​