ЈКП „Нискоградба“-Битола го чисти коритото на река Драгор
Екипи на локалното јавно претпријатие „Нискоградба“ го чистат коритото на реката Драгор во централното градско подрачје на Битола.
Од ЈКП „Нискоградба“-Битола информираат дека во оваа фаза се интервенира по течението на реката од месноста „Црн Мост“ до „Железнички Мост“, односно во должина од околу 2 километри.
- Станува збор за редовна програмска активност и обврска на нашиот комунален сервис. Во оваа фаза нашите екипи вршат остранување на треви и други растенија кои нараснале на одредени делови внатре во речното корито. Во овој период од годината во реката нема многу вода, односно протокот е регулиран, а тоа пак ни овозможува поефикасно извршување на задачите. Во втората фаза ќе бидат исчистени сметот и други пречки на кои не им е местото во коритото но за жал несовесни граѓани ги фрлале во коритото, и во последната фаза ќе бидат исчистени наносите од земја и камења кои ги регистриравме на неколку делови од речното корито. Со оваа активност нема да има пречки за протокот на водата во реката Драгор, истакна Методија Силјановски, директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола.
Од јавниот комунален сервис апелираат да не се фрла отпадок во коритото на реката Драгор, а во наредниот период ќе зачестат ад-хок контролите посебно на локациите каде во непосредна близина се сендвичарници и други објекти за брза храна, и од каде често во речното корито се фрлаат хартија, салвети и други отпадоци.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација