Свет
1. November 2017 - 13:03

Јилдирим: Турција се уште не е на нивото од пред обидот за преврат

 

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека Турција се развива добро, но се уште е под нивото кое го имаше пред обидот за преврат на 15 јули 2016 година.

- И покрај затегнување на односите меѓу Турција и ЕУ, турскиот извоз кон европските држави се зголеми за осум проценти, со вредност од шест милијарди долари, рече Јилдирим.

Приходите од туризмот се зголемиле за 38 отсто во третиот квартал на годината во однос на минатата година.

- Ова е добар развој, но се уште не успеавме да го достигнеме нивото од периодот пред обидот за државен удар во 2016 година, рече тој.

- Тој подмолен обид за државен удар и нанесе огромна штета на нашата земја. Им наштети на брзите чекори кон развојот на нашата земја. Ако друга држава се бореше со такво нешто, немаше да може повторно да се исправи, изјави Бинали Јилдирим.