Балкан
3. October 2017 - 21:51

Јилдирим: Турција планира да создаде сопствена вселенска агенција

Турција планира да формира сопствена вселенска агенција, како мерка за зајакнување на безбедноста на земјата, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. 

- Одлуката за создавање на вселенска агенција беше донесена со цел да го обезбедиме развојот и безбедноста на земјата со помош на вселенските и авијациските технологии, како и за пронаоѓање и користење на природните ресурси во корист на луѓето, објасни Јилдирим за време на отворањето на фабриката за делови за хеликоптери во округот Ерзурум.

Турскиот премиер наведе дека предлог-закон за формирање на агенцијата веќе е поднесен за разгледување во турскиот Парламент.