Балкан
8. November 2016 - 14:47

Јилдирим сака да види реални оценки во новиот извештај на ЕК за напредокот на Турција

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека сака да види реални оценки во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција. 

ЕК наскоро ќе го објави извештајот за напредокот на Турција. 

- Би сакале во него да нема предрасуди и да содржи реална оценка за турската политика и општество. Тој извештај не треба да содржи неосновани изјави, рече тој.

Јилдирим нагласи дека Анкара се залага за позитивен развој на односите со ЕУ.

- Но Европа треба да се откаже од двојните стандарди. Таа треба да ја гледа Турција како пријател и чесен партнер. Расизмот, ксенофобијата, исламофобијата во ЕУ не водат кон ништо добро, рече турскиот премиер.