Балкан
6. October 2016 - 18:04

Јилдирим: Ирачката реакција на турското воено присуство во базата Башика е неразбиралива

Иралската реакција на турското воено присуство во воената база „Башика“, северно од Мосул, е „неразбирлива“, а турските војници ќе останат таму за да гарантираат дека демографијата во регионот нема да се смени, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим, пренесуваат британските медиуми.

Турскиот премиер коментарот го даде во говор пред турски бизнисмени, откако Ирак ја осуди одлуката на Турција за една година да го продолжи распоредувањето на околу 2.000 свои војници во северен Ирак. 

Јилдирим изјави дека ирачката Влада ја минува границата со лошото зборување за Турција, која секогаш била присутна во регионот, а истовремено ги затвора очите за сите други држави кои на никаков начин не се поврзани со регионот, пренесе електронското издание на весникот „Сабах“.

- Ирачската реакција на турското воено присуство во базата Башика е необјаснива, истакна премиерот, додавајќи дека Турција сака да гарантира дека веќе нема да се пролева крв во регионот.

Турскиот премиер, исто така, ја критикуваше централната Влада во Ирак дека не презела никакви мерки против терористичката Курдска работничка партија (ПКК), која има свои бази во северен Ирак, од каде во последните три децении ја води кравата борба против турската држава.

- Ирак си го губи времето, фокусирајќи се врз турското присуство во Башика, кога во регионот има воени сили од 63 држави под името ДАЕШ и други терористички организации, рече Јилдирим, нарекувајќи ја Исламска држава со нејзиниот арапски акроним.

Шефот на турската дипломатијата, Мевлут Чавушоглу, денеска изјави дека базата Башика, во северен Ирак, била формирана за локалните сили да се обучат за борба против групата Исламска држава, и Багдад знаел за нејзината изградба.

Ирачкиот Парламент во вторникот со писмена декларација соопшти дека не го прифаќа турското воено присуство во Башика.

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади ја предупреди Турција дека ризикува да предизвика „регионална војна“, задржувајќи го военото присуство на ирачка територија.