Јилдирим: Гласањето во Бундестагот е тест на пријателството
Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека гласањето во германскиот Бундестаг за резолуцијата со која турскиот масакр над Ерменците се признава како геноцид би било „тест на пријателство“ меѓу Берлин и Анкара.
- Резолуцијата ќе биде прав тест на пријателството на двата народи и би било ирационално германскиот Парламент да ја усвои, посочи Јилдирим пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Се очекува резолуцијата под име „Сеќавање на геноцидот над Ерменците и другите христијански народи во 1915 и 1916 година“ да биде усвоена и покрај предупредувањата на Турција дека ќе бидат нарушени односите меѓу двете држави.
Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ја поддржа предлог-резолуцијата на Парламентот, со која се признава геноцидот над Ерменците, но рече дека нема да гласа за неа.
Меркел, која е и пратеник во Бундестагот, нема да учествува во гласањето за резолуцијата поради својата работна програма и средби.
И нејзината Христијанско демократската унија (ЦДУ) ја поддржа резолуцијата.
Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер, кој е социјалдемократ, изјави дека е против предлог-резолуцијата. Тој наведе дека се надева оти одлуката што денеска треба да биде донесена во Бундестагот нема трајно да им наштети на односите со Турција.
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во вторникот во телефонскиот разговор со Меркел изрази вознемиреност поради предлог-резолуцијата.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар