Балкан
22. December 2016 - 10:53

Јилдирим: 40.000 цивили од Алепо се евакуирани

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави денеска дека досега се евакуирани околу 40.000 жители од сирискиот град Алепо, јави ТАСС.

- Извршивме интензивна дипломатска работа со партнерите и постигнавме прекин на огнот во Алепо. Започнавме со евакуација на мирното население од градот, и моментно, околу 40.000 луѓе се однесени во сигурната зона, посочи Јилдирим, додавајќи дека сето тоа било сложено и тешко изводливо.

Во областа има и  такви, кои не сакаат мир. Ние сепак постигнавме успех и евакуирањето на обични граѓани продолжува, додава турскиот премиер.