Ји: Влегувањето на Црна Гора во НАТО најдраматична промена во регионот
Заменикот помошник американски државен секретар Хојт Брајан Ји на 2БС Форумот, кој вчера се одржуваше во Будва изјави дека влегувањето на Црна Гора во НАТО е најдраматичната промена, иако многу работи се случиле во регионот оваа година.
Тој изјави дека членството во Алијансата е извонредно достигнување за Црна Гора.
- САД остануваат со Црна Гора на секој чекор на патот кон НАТО, нагласи Ји.
Тој нагласи дека САД исто така ќе застанат зад секој земја во регионот, која има таква цел.
- Ќе го поддржуваме и НАТО како столб на глобалната безбедност. Партнерството на САД и ЕУ нема да се менува. Америка е посветена на Алијансата, наведе тој.
Според него влезот на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне конзистентноста на политиката на отворени врати, но ја открива одлучноста на Русија да го поткопа напредокот на Балканот на европскиот и евроатлантскиот пат, почнувајќи од, како што кажа „дрскиот план за Подгорица и поддршките на движењата во Босна, до напорите да се изолира Косово“.
- Видовме застрашувачка националистичка реторика и политики на поделби, видовме солзавец во Собранието на Косово, политичари во Република Српска кои се закануваат со отцепување, толпа која упадна во Парламентот во Скопје, опозиција во Црна Гора, која го бојкотира Парламентот. Со цел сето тоа да се избегне лидерите во регионот мора да најдат политичка храброст за неопходните, но непопуларни реформи во интерес на граѓаните. Се надевам дека новиот премиер на Косово ќе има храброст да ја усвои спогодбата за разграничување со Црна Гора, рече Ји.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица