Македонија
22. November 2019 - 15:50

Јетон Љужа - третоосомничениот за убиството на Саздовски уапсен во Хамбург

Јетон Љужа, третоосомничениот за убиството на скопјанецот Никола Саздовски- Саздо, член на навивачката група Комити, кој крвнички беше убиен на 29 јуни 2018, во населбата Автокоманда е уапсен вчера во Хамбург по потерница на МВР, дознава Сител од свои извори.

По одлуката на Јавното обвинителство Интерпол од 28 јули 2018 го бара Љужа, а според МВР, меѓународната потерница за Љужа е распишана за убиство извршено на свиреп начин.

Мирјана Давидовска