Фудбал
20. јуни 2018 - 19:15

Јесилова повторно во Македонија

Дека Македонија е интересна  фудбалска  дестинација  потврдува  потврдува повторното доаѓање  на познатиот турски тренер Јуксел Јесилова кој беше пред неколку години  на чело на штипскиот прволигаш Брегалница.

„ Мило ми е што сум повторно тука во Скопје каде работа со група фудбалери од Македонија, Турција и Гана кои се подготвуваат за своите нови ангажмани во кариерата. Минатата година организиравме камп во Романија но сега сме еве тука во Скопје каде ќе работиме околу 20-тина дена“- изјави Јесилова.

Кампот се одржува во СЦ Аеродром  и на него учествуват Мерис Факиќ, Чарлс Дуку, Борче Лсков,, Кутеј Улгер, Атај Јазџ, Миронес Курбардовиќ, а се очекува да пристигнат уште 11 млади фудбалери од Гана.

Со Јуселова работи и поранешниот фудбалер на Слога Ј.   Ерџан Бекир.

Тренинзите се секој ден од 11ч.