Јеронимос: Прашањето за името е работа на Парламентот, а не на црквата
Не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата, туку на Парламентот одбран од граѓаните, вели архиепископот на Грчката православна црква Јеронимос, во однос на прашањето за името.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Јеронимос присуствуваше на свечено отворање на изложба во градот Авлонас, а поранешниот потпретседател на грчкиот Парламент и поранешен пратеник од Нова демократија, Јоргос Сурлас, според соопштението од ГПЦ, побарал од архиепископот „да испрати порака дека никој не може да ја предаде Македонија“.
- Не стануваме Грци само еден момент или на еден ден. Грци сме секој ден, секој час. Црквата зазеде став. Рече јасно дека никаде не го даваме нашето име, но тоа не е работа на црквата. Црквата не прави протести, граѓаните одбраа Парламент и Парламентот е одговорен за тоа. Грците се одговорни што гласаат, а Парламентот да ја води земјата, рече архиепископот Јеронимос.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка