Loading Video...
Фудбал
13. јуни 2018 - 16:04

Јеро наместо Лопатеги ќе ја предводи Шпанија на Мундијалот

Ден пред стартот на Мундијалот Шпанската фудбалска федерација реши да му врачи отказ на селекторот Хулен Лопетеги. Овој чекор доаѓа на само еден ден откако Лопетеги официјално промовиран во нов тренер на Реал Мадрид.
 
- Бевме принудени на ваков чекор. Не можеме да прејдеме преку вакво однесување и покрај тоа што Лопетеги е одличен тренер. Се што тој направи е без наше знаење, изјави на прес-конференција претседателот на сојузот Луис Рубаилес.
 
На местото на Лопетеги е назначен ветеранот на Реал Мадрид, Фернандо Јеро кој подолг период е во федерацијата.  Шпанија на Мундијалот ќе игра во групата Б со Португалија (15 јуни), Иран (20 јуни) и со Мароко (25 јуни).